Во Србија во моментот на сила е вонредна состојба поради коронавирусот, а на луѓето над 65 години им е забрането да ги напуштат своите домови.
Полицијата во Белград во текот на контролата запрела една постара жена која не се придржувала на оваа забрана.
– Како се викате? Каде живеете – ја прашал полицаецот госпоѓата.
– Оливера. Живеам во Палмотиќева – одговорила таа.
– Па, што правите во ова време? Каде бевте? – продолжил полицаецот.
– Си одам дома. Бев на час по англиски – мирно одговорила оваа бабичка.
Оправдувањето на полицaјците не им звучело многу убедливо, па ја прашале каде се одржувал часот.
– Кај мојата пријателка која има време – одговорила спремно Оливера.
FOTO: Skrinsot