БАБА КОЈИЌ ЗА РАЗВОДОТ НА ИГОР И СЕВЕРИНА Ако, внук ми ќе се ожени уште пет пати, а таа има 50 години!

„Се скараа затоа што Северина сакаше да го води нивното домаќинство. Сакаше да го направи базенот сама. Не може така“, вели 85-годишната Добрија Којиќ.

9,305

Добрија Којиќ има 85 години, живее во српското село Лозница и е баба на Игор Којиќ (34), кој неодамна се разведе од хрватската мега ѕвезда Северина. Таа се огласи за хрватскиот портал 24 часа, додека нејзиниот син Драган Којиќ Кеба (56) упорно молчи.

Баба Којиќ вели дека не знаела дека парот се разведува.






– Што ми е гајле, не ме прашаа ништо дури и кога се венчаа! – вели Добрија.

Баба Добрија присуствувала на венчавката на Северина и Игор во Белград во 2015 година, каде се собраа околу 600 гости, но Северина, како што вели, не останала во нејзиното добро сеќавање.

– Веднаш реков дека нема да има ништо од тој брак, дека нема да трае. Не ми се допадна однесувањето на Северина. Игор ја донесе да ме запознае, таа само ми ја подаде раката и повеќе не зборуваше со мене – раскажува Добрија.

Кеба сениор наводн, вложил големо богатство за белградската венчавка на неговиот единствен син со регионална суперѕвезда.

– Игор и Северина купија заеднички стан во Загреб – вели баба Којиќ.

На новинарите кои се обиделе да ѝ објаснат дека пејачката и Игор живееле во нејзиниот пентхаус од 300 квадратни метри во загребски Козјак, Добрија одговорила:

– Тоа не е вистина. Немам добро мислење за неа. Нека се разделат. Тој е млад, може да се ожени уште пет пати. Северина во мај наполни 50 години!

Северина всушност има 49 години. Баба Којиќ има своја верзија за причините за разводот:

– Се скараа затоа што Северина сакаше да го води нивното домаќинство. Сакаше да го направи базенот сама. Не може така – вели Добрија.

Поврзани содржини