БАБА Ѝ БИЛА СО ТИТО НА ВИС, ЕВЕ ЗОШТО НЕ ЗБОРУВАЛА ЗА ТОА Српска актерка ја откри семејната тајна

Мојата баба доживеа голема трагедија во Втората светска војна, но никогаш не ми кажа за тоа, и никогаш не ги делеше луѓето по нација, по религија, туку велеше, добро и лошо. Подоцна се приклучи на партизаните, се омажи за мојот дедо, го роди мојот татко и две ќерки., вели српската глумица Данијела Врањеш во подкаст.

221

Актерката Данијела Врањеш, позната по улогите во филмовите „Балкански правила“, „Молња!“ и „Чарлстон за Огњенка“, првпат проговорила за својата семејна историја. Во подкастот на српски Мондо, таа открила дека нејзината баба била една од двете медицински сестри кои биле со Јосип Броз Тито на островот Вис за време на Втората светска војна.

– Баба беше со Тито во пештерата на Вис. Таа беше една од двете медицински сестри што беа со него – изјавила Врањеш, додавајќи дека нејзината баба, која подоцна се приклучила на партизаните, никогаш не зборувала за тоа.






Бабата, која потекнувала од Лика, со дедото се преселила во Сомбор, а потоа во Инџија, каде што се родило семејството на Врањеш.

– Баба беше феноменална, со секогаш уредна фризура и високи потпетици. Патриот, но и дама – вели актерката.

Според Данијела, живееме во турбулентно време каде што сме поделени на омраза и на љубов и не можеме да се сублимираме, така што е нормално што некои теми не станале предмет на разговор.

– Мојата баба доживеа голема трагедија во Втората светска војна, но никогаш не ми кажа за тоа, и никогаш не ги делеше луѓето по нација, по религија, туку велеше, добро и лошо. Подоцна се приклучи на партизаните, се омажи за мојот дедо, го роди мојот татко и две ќерки. Никогаш не ми кажа лош збор на таа тема, а кога ја замолив да ми каже за Тито, никогаш не сакаше да ми каже ниту за него. Молчеше за да не се прошири. За да не се шират омразата и злобата.

Во подкастот, Врањеш зборувала и за односот со својата мајка и за тоа како глумата ѝ помогнала да ги претвори потиснатите емоции во креативна сила.

– Глумата беше место каде што ги вадев моите јазли. И денес знам да ги користам тие резервоари кога работам со луѓе.

 

Поврзани содржини