БАЈРАМ ВАРДАР И ТИМ ЕКСПЕРТИ ГО КРОЈАТ МАСТЕР ПЛАНОТ ЗА ЧАИР Општината ќе биде пример за одржлив урбан развој, уверува Вреди

Со длабоко искуство во урбанистичко планирање, архитектура и управување со простор, овие професионалци интензивно работат на креирање на една модерна, функционална и одржлива визија за иднината на општината Чаир, соопшти коалицијата Вреди.

231

Реномиран тим експерти од Турција, предводен од Бајрам Вардар, веќе се наоѓа во Чаир и ја почна теренската работа на изработка на мастер планот за развој, во рамки на програмата на кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, соопшти Вреди.

„Со длабоко искуство во урбанистичко планирање, архитектура и управување со простор, овие професионалци интензивно работат на креирање на една модерна, функционална и одржлива визија за иднината на општината Чаир. Во составот на експертскиот тим се вклучени неколку од најпочитуваните имиња во своите области, како: Надир Доган, урбанист со диплома од Универзитетот „Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş., познат по голем број урбанистички проекти во градови како Истанбул, Бурса, Коџаели и Трабзон. Тој е експерт за просторно планирање и урбана трансформација. Д-р Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, со магистратура на University of Missouri (САД) и докторат во областа на урбанизмот. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата Saydam Tasarım, со повеќе од 800 меѓународни проекти во областа на архитектонски дизајн и визуелизација“, соопшти Вреди.






Заедно со други експерти од Турција и домашни професионалци, овој тим работи на изработка на сеопфатен мастер план за развој, кој има цел да ја позиционира Чаир како пример за одржлив урбан развој во регионот, соопшти коалицијата.

„Овој конкретен чекор е силен доказ за сериозноста и визијата што ја носи кандидатурата на Изет Меџити за градоначалник на Чаир“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини