БАЈОВСКИ ПРЕД СИГУРНА ПОБЕДА ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Доби целосна поддршка од противкандидатот Смоковски

Бајовски во првиот круг освои 1.914 гласови, а Смоковски 1.264 гласови. Кандидатот од СДСМ Сашко Комненовиќ освои 1.976 гласа во првиот круг.

554

Зоран Бајовски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Чучер Сандево граби кон сигурна победа во вториот круг.

Тој доби поддршка од неговиот противкандидат во првиот круг Влатко Смоковски. Бајовски во првиот круг освои 1.914 гласови, а Смоковски 1.264 гласови. Кандидатот од СДСМ Сашко Комненовиќ освои 1.976 гласа во првиот круг.






Бајовски и Смоковски, кои освоија скоро 60% од гласовите во првиот круг, заедно ги повика нивните сограѓани да ја постават заедницата пред партиските и етничките разлики и да се фокусираат на практични решенија што ќе донесат подобар живот за сите.

– Обединувањето околу конкретни проекти и јасни цели ќе донесе резултати кои сите ќе ги почувствуваме. Силата на заедницата е во мостовите што ги градиме заедно, а со нашиот Влатко Смоковски одлучивме иднината на Чучер Сандево да биде просперитетна и напредна! Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, организации и локални актери да се вклучат во заедничките напори за подобрување на Чучер Сандево – истакна Бајовски.

Според него, задржувањето на жителите и отворањето нови работни места се меѓу првите приоритети што бараат системски пристап.

– Поддршката за локалните претприемачи, поттикнувањето на мали и средни бизниси и соработка со бизнис секторот ќе помогнат да се создадат работни места во општината и да се намали потребата за економска миграција надвор од нашиот крај. Развојот на младите е суштински дел од долгорочната визија. Инвестициите во модерното образование, стручното оспособување, спортот и културните активности, како и програмите за практична обука, ќе ги отворат вратите за можности тука, дома – рече Бајовски.

Смоковски потенцираше дека „инвестирањето во младите и во инфраструктурата е воспоставување темел за долгорочна стабилност на заедницата“, стабилност која е гарантирана од кандидатот за градоначалник Бајовски.

– Унапредувањето на јавните услуги и инфраструктурата има директно влијание врз квалитетот на животот на сите населби. Фокусот треба да биде на сигурна вода, редовно собирање отпад, подобрена патна и комунална мрежа, како и уредени јавни простори и зелени површини. Вклученоста во процесите на планирање ќе ја зајакнат довербата помеѓу граѓаните и носителите на одлуки – рече Бајовски.

Поврзани содржини