БАЈДЕН ГО ПОЧУВСТВУВА БИЦЕПСОТ НА ЕДЕН РУСИН „Е ова е човек, само да сме на иста страна“ (ВИДЕО)

Гајле ми е кој е, ова момче има страшни бицепси..., изјави американскиот претседател откако некој во позадината довикна дека снимателот е Русин.

617

Американскиот претседател Џо Бајден е полн со изненадувања. Овојпат, не се работи за гаф или некаков бисер. Додека Бајден шеташе заедно со колегата Емануел Макрон на пауза во паркот на самитот на Г20 во Бали, тој забележа дека ТВ-снимателот е прилично мускулест и набилдан, пишува Б92.

 






– Инаку, загрижен сум за бицепсот на овој човек. Неговите бицепси се поголеми од мојата капа. Погледнете го ова – вели Бајден во видеото и го пипка мускулот.

– Е, ова е човек. Се надевам дека сме на иста страна – рече тогаш Бајден.

– Но знаете ли, тој е Русин – рече еден глас во позадина.

– Гајле ми е кој е, ова момче има страшни бицепси… – изјави американскиот претседател.

Тогаш во кадарот влетува Макрон кој вели:

– Добро тренира.

Не помина долго време, а на социјалните мрежи беше објавено дека се работи за Јуриј Шолмов, тв-снимател и билдер.

 

Поврзани содржини