📽️ „БАЈДЕН, СПАСНИ НЀ ОД НЕТАНЈАХУ“ Протест во Тел Авив против израелскиот премиер, демонстрантите бараат прифаќање на планот на САД

Американскиот претседател во петокот рече дека му предложил на Израел патна карта за целосен прекин на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, што вклучува ослободување на заложниците во Појасот Газа.

763

Неколку илјади Израелци се собраа вчера во Тел Авив за да побараат владата на Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за ослободување на заложниците, план што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден во петокот.

– Бајден е нашата единствена надеж – изјави еден демонстрант за Франс прес.






Американскиот претседател во петокот рече дека му предложил на Израел патна карта за целосен прекин на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, што вклучува ослободување на заложниците во Појасот Газа.

Во Тел Авив, демонстрантите вееја огромен транспарент „Бајден спаси ги од Нетанјаху“.

Огромното мнозинство демонстранти интервјуирани од АФП изразија страв дека Бенјамин Нетанјаху ќе го загрози договорот.

– Се надевам дека Бајден ќе изврши доволен притисок врз владата и Нетанјаху да прифатат таков договор – рече еден демонстрант кој држеше израелско знаме.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица соопшти дека „ќе побара од израелската влада веднаш да одобри договор за ослободување на заложниците и веднаш да ги врати сите заложници дома“.

Поврзани содржини