📸 „БАЈДЕН СЕ РАКУВАШЕ СО СТАЛИН“ Презимето на овој индиски министер стана хит на самитот на Г-20
Но, зошто презимето на овој индиски министер е Сталин? Во Индија не е невообичаено да има имиња и презимиња инспирирани од личности од комунизмот, особено во државата Тамил Наду и во соседна Керала, каде што Комунистичката партија владееше во поголемиот дел од изминатите шест децении.
Слика од американскиот претседател Џо Бајден кој во Њу Делхи се ракува со М.К. Сталин, министер од индиската држава Тамил Наду стана хит на социјалните мрежи. Презимето на овој индиски министер беше доволно твитерџиите да искоментираат дека ова е исто како кога претседателот Хари Труман навистина се ракуваше со Јосиф Сталин во Берлин пред 78 години.
„Одлично, американскиот претседател се среќава со Сталин по Втората светска војна“, гласи еден од коментарите на Твитер, или по ново Х.
Joe Biden shakes Stalin’s hand in Delhi 78 years after Turman shook Stalin’s hand in Berlin. pic.twitter.com/4UYDEbjgDL
— Rupak Chattopadhyay (@RupakChatto) September 10, 2023
Но, зошто презимето на овој индиски министер е Сталин?
Во Индија не е невообичаено да има имиња и презимиња инспирирани од личности од комунизмот, особено во државата Тамил Наду и во соседна Керала, каде што Комунистичката партија владееше во поголемиот дел од изминатите шест децении.
На пример, во 2021 година, во Керала, еден човек по име Енгелс се ожени во присуство на неговите пријатели Маркс, Ленин и Хо Ши Мин.
По Втората светска војна Индија беше неврзана земја, но полека се зближи со Советскиот сојуз. Денеска Москва е главниот снабдувач на оружје на Индија, која станува суперсила во пораст.