БАЈДЕН ПРОТИВ СУДОТ ВО ТЕКСАС „Законот за забрана на абортус е екстремен!“
Бајден вети дека неговата влада итно ќе одговори на законот кој „е толку екстремен што дури и не предвидува исклучок во случај на силување или инцест“.
Претседателот на САД Џо Бајден експресно го осуди законот со кој жените во државата Тексас нема да можат да имаат абортус по своја волја, пишува МИА. Бајден вети дека неговата влада итно ќе одговори на законот кој „е толку екстремен што дури и не предвидува исклучок во случај на силување или инцест“.
Осудата на Бајден доаѓа непосредно по одлуката на Врховниот суд на Тексас да го одобри законот со кој абортусот се забранува по шестиот месец од бременоста.
„Одлуката предизвикува неуставен хаос и го навредува владеењето на правото“, се наведува во писмената изјава на претседателот.
Бајден додаде и дека „највисокиот суд на земјата ќе остави милиони жени во Тексас да страдаат додека судовите постапуваат по сложени процедури“.