Бајден продолжува со гафовите, прво ги помеша Сирија и Либија, а потоа нападна новинар (ВИДЕО)

Претпоставувам дека е тешко да се следи кога бомбардирате толку многу земји одеднаш - напиша либанскиот геополитички коментатор, Сара Абдалах.

1,060

Американскиот претседател Џо Бајден се збуни и ги помеша Либија и Сирија, зборувајќи за хуманитарна помош за земјите погодени од војната на самитот Г-7, за потоа да викне на новинар во посебен инцидент.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, 78-годишниот шеф на Белата куќа мораше да се потруди да го запамети името на земјата во која, според него, САД се подготвени да работат заедно со Русија.






– Можеме да работиме заедно со Русија, на пример … во Либија, луѓето таму се во сериозни проблеми – рече тој.

Потоа оцени дека Русија каснала повеќе отколку што може да проголта со својата интервенција во „Сирија“, но потоа во говорот ја додаде и „Либија“.

– Сè додека тие немаат можност да воведат некаков ред во регионот, а вие не можете да го сторите тоа без да ги обезбедите основните економски потреби на луѓето – рече Бајден, додавајќи: „Се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето во, да речеме, Либија“.

На прашањето дали Бајден мисли на Сирија кога ја спомнува Либија, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан одговори: „Да, да, тоа“.

 

– Претпоставувам дека е тешко да се следи кога бомбардирате толку многу земји одеднаш – напиша либанскиот геополитички коментатор, Сара Абдалах.

Честите гафови на Бајден не ги пропуштија корисниците на социјалните мрежи кои ја искористија можноста да му се смеат поради неговата сенилност.

 

– 81 милиони луѓе гласаа за пациент со деменција поради некои лоши твитови – напиша еден твитерџија.

– Застрашувачки е што избраниот претседател на САД мрмори и мрмори и не е во состојба да заврши конкретна реченица на место како што е Самитот на Г-7 – додаде друг.

Во одделен инцидент на самитот Г-7, Бајден го искара новинарот кој го праша за политиката на неговиот претходник Доналд Трамп и зошто ги чува даноците на Трамп за челик и алуминиум, кои влијаат и на ЕУ.

– 120 дена, пушти ме на мира. Ми треба време – му рече Бајден и тропна на пултот.

 

Поврзани содржини