Бајден: Претседателските избори во САД мора да се одржат на 3 ноември
Настапот на демократскиот кандидат за изборите, на кои ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп, е првиот сериозен говор за потребата од организирање на изборите според поранешниот план.
Поранешниот американски потпретседател и актуелен кандидат на демократите за претседателска номинација на изборите во САД, Џо Бајден, денеска изјави дека може да се промени начинот на гласање на изборите, но не и терминот за избор на претседателот на САД.
Бајден, кој важи за фаворит кај демократите, денеска изјави дека претседателските избори, закажани за 3 ноември, не треба да се одложуваат заради коронавирусот.
Бајден за телевииајата Ен-би-си зборуваше за можните последици од коронавирусот, па истакна дека заради пандемијата може да се промени начинот на гласање, но не и датумот на изборот.
– Би сакал да може да се гласа лично, но тоа зависи од ситуацијата со пандемијата. Но, не смееме да ги одложуваме или пролонгираме ноемвриските избори, што се уставна обврска – рече Бајден, наведува Политико.
Тој додаде дека претседателските избори морат да се оддржат на 3 ноември, како што тоа од порано беше предвидено.
Настапот на демократскиот кандидат за изборите, на кои ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп, е првиот сериозен говор за потребата од организирање на изборите според поранешниот план. Тој, исто така, говореше и за се поголемата несигурност заради траењето на тешката здравствена криза во САД.
Короната брзо се прошири низ САД и веќе го попречи изборниот прецес во поголем број сојузни држави , каде локалните изборни комисии ги одложија прелиминарните избори и со тоа го пролонгираа инсистирањето на Бајден да обезбеди партиска номинација пред својот главен ривал Берни Сандерс.