БАЈДЕН ПРЕДУПРЕДУВА Можен е нов напад на аеродромот во Кабул
Кажав дека ќе ги гониме одговорните за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул. Ќе продолжиме да го гониме секој кој е вмешан во тој напад и тие ќе платат за тоа, истакна Бајден.
Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека нов екстремистички напад врз аеродромот во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа.
Тој по средбата со воените и безбедносните советници истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно висока“ и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока“.
Бајден посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска држава нема да биде последен одговор.
– Кажав дека ќе ги гониме одговорните за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул. Ќе продолжиме да го гониме секој кој е вмешан во тој напад и тие ќе платат за тоа, истакна Бајден.
Американската вчера соопшти дека во нападот со дрон во авганистанската провинција Нангархар загинал двајца припадници на ИД.
Тоа беше прва официјална американска воена операција по самоубиствените напади на авганистанскиот огранок на ИД врз аеродромот во Кабул на 26 август, при што загинаа 13 американски војници и 169 Авганистанци.