БАЈДЕН ПОБАРА „ТАЈМ-АУТ“ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ Камала Харис ги презема претседателските овластувања

Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој утре ќе наполни 79 години, ќе бидат објавени подоцна денеска, соопшти Белата куќа.

910

Белата куќа денеска соопшти дека претседател Џо Бајден ќе биде подложен на рутински колоноскопски преглед и своите претседателски овластувања привремено ќе ги преземе на потпретседателката Камала Харис.

Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој утре ќе наполни 79 години, ќе бидат објавени подоцна денеска, соопшти Белата куќа.






„Претседателот ќе биде подложен на рутинска колоноскопија во Медицинскиот центар ’Волтер Рид’, во близина на Вашингтон“, се додава во соопштението на Белата куќа.

„Како што тоа веќе беше случај кога претседателот Џорџ Буш во два наврата беше подложен на истата процедура, во 2002 и 2007 година, а во согласност со уставната процедура, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателката во еден краток период, додека се наоѓа под анестезија”, соопшти Белата куќа.

Бајден како 78-годишник стана најстариот американски претседател во историјата.

Поврзани содржини