БАЈДЕН ОБЈАВИ 1.500 ДОКУМЕНТИ ЗА УБИСТВОТО НА КЕНЕДИ Сè ќе биде разоткриено до крајот на 2022 година
Во октомври годинава, Бајден го одложи објавувањето на документите со цел да ги заштити и оддели документите кои се важни за САД. Тој тогаш постави два рока за објавување, денешниот датум и 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени новите документи.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави над 1.500 тајни документи за кои некои историчари и теоретичари на заговор веруваат дека би можеле да фрлат нова светлина врз атентатот на Џон Кенеди во 1963 година, јави Си-Ен-Ен. Планот е до крајот на идната година да се објави сè, а веќе се објавени 94 отсто од списите од Националниот архив, велат од Белата куќа.
Долгогодишните истражувачи на овој историски настан велат дека во објавените документи најверојатно не се вклучени оние кои би можеле да понудат некои нови клучни докази и да ги променат фактите што јавноста ги знае за овој настан, како и околностите пред и по атентатот.
1/2 The Biden administration on Wednesday released over 1,000 previously classified documents relating to the 1963 assassination of President John F. #Kennedy. [📸Bettman Archive] via https://t.co/UqO26QEf69 pic.twitter.com/WqORWrZswf
— jorge marruffo (@GattoRosso333) December 16, 2021
Но, тоа што се објавени над 1.500 документи не значи дека сите се објавени. Голем број документи сè уште се недостапни и делумно цензурирани, така што вечната дебата меѓу федералните власти и луѓето кои го истражуваат атентатот на Кенеди ќе продолжи.
Во октомври годинава, Бајден го одложи објавувањето на документите со цел да ги заштити и оддели документите кои се важни за САД. Тој тогаш постави два рока за објавување, денешниот датум и 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени новите документи.
Портпаролот за Си-Ен-Ен изјави дека Бајден „исто така му наредил на Националниот архив да развие план за дигитализирање на целосната колекција – повеќе од 300.000 записи – за да се демократизираат записите и да ѝ се дозволи на јавноста да ги прегледува онлајн“.