БАЈДЕН НИШТО НЕ НАПРАВИ Ердоган разочаран од односот на сојузниците кон украинската криза

Ердоган, кој сака да биде посредник помеѓу Москва и Киев, наведе дека ниту еден европски лидер не е способен да ја реши кризата, како и оти американскиот претседател Џо Бајден исто така не придонел за решавање на кризата.

1,198

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД и другите западни држави ништо не направиле за да ја решат кризата помеѓу Русија и Украина.

Ердоган, кој сака да биде посредник помеѓу Москва и Киев, наведе дека ниту еден европски лидер не е способен да ја реши кризата, како и оти американскиот претседател Џо Бајден исто така не придонел за решавање на кризата.






Претседателот на Турција по вчерашната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Киев, ја повтори турската понуда за посредување во кризата со Москва.

– Морам да го кажам ова многу јасно: ако внимателно следите, Западот за жал не придонесе на кој било начин да се реши оваа ситуација. Можам да кажам дека буквално само попречуваа. Бајден засега не покажа позитивен пристап кон оваа тема – истакна Ердоган.

Турција има морска граница со Русија и со Украина во Црно Море. Ердоган ја предупреди Москва дека евентуален напад врз Украина не е мудар потег. Тој најави дека Турција како земја-членка на НАТО ќе направи се што е потребно во случај на руска инвазија, но одбива да воведе санкции против Москва.

Турција соработува со Русија во енергетскиот и одбранбениот сектор, но Анкара се спротивстави на политиката на Москва во Сирија и во Либија, како и на руската анексија на Крим во 2014 година. Но, Турција и продаде и софистицирани воени дронови на Украина.

Поврзани содржини