БАЈДЕН НЕМА ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА БОМБИТЕ ВО ХИРОШИМА И НАГАСАКИ Ќе засади дрвца во Меморијалниот парк со колегите од Г7

Тој (Бајден) ќе учествува со другите лидери на Г7 на положување венци и на неколку други настани, но, според неговото мислење, ова не е билатерален момент (за да даде извинување), рече Саливан.

350

Американскиот претседател Џо Бајден нема да понуди извинување за нуклеарните бомби фрлени во Јапонија, јави Белата куќа. Тој пристигна во Јапонија каде како еден од лидерите на Г7 ќе учествува на самитот. Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, изјави дека настанот на кој Бајден ќе присуствува не е соодветен за ваков гест, пишува Инсајдер.

– Претседателот нема да даде изјава во Меморијалниот парк на мирот (во Хирошима). Тој ќе учествува со другите лидери на Г7 на положување венци и на неколку други настани, но, според неговото мислење, ова не е билатерален момент – рече Саливан.






Бајден заедно со колегите од Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија треба да положи венци и да засади дрвја во паркот.

Бомбардирањето на јапонските градови Хирошима и Нагасаки се случи на 6 август пред 78 години, на самиот крај на Втората светска војна.

Прв американски претседател кој го посети споменикот во Меморијалниот парк беше Барак Обама во 2016 година, но и тој не се извини.

Некои јапонски политичари побараа од САД да понудат официјално извинување за бомбардирањето.

Поврзани содржини