Бајден: Нападнати сме, го повикувам Трамп да побара прекин на оваа опсада

Бајден ја повика толпата да се повлече и да дозволи демократијата да ја продолжи својата работа.

919

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека немирите од вечерва во Вашингтон не ја претставуваат Америка.

– Во овој момент, нашата демократија е нападната, напад на цитаделата на слободата – Капитол, напад врз претставници на народот и јавни службеници, полицајци чија работа е да го чуваат мирот – рече тој.






Тој, сепак, истакна дека станува збор за мала група екстремисти.

– Ова е хаос и мора да заврши сега – рече Бајден.

Бајден ја повика толпата да се повлече и да дозволи демократијата да ја продолжи својата работа.

– Го повикувам Трамп да излезе на национална телевизија и да ја исполни својата заклетва, да го брани Уставот и да побара прекин на оваа опсада – рече Бајден.

Поврзани содржини