📽 БАЈДЕН ИМА ТАЛЕНТ – ЕМ СЛУША ЕМ СПИЕ Американскиот претседател дремна на состанокот со африканските лидери

На видеото се гледа како за време на говорот на потпретседателот на Танзанија, Филип Мпанго, Бајден ги затвора очите и ја става раката на лицето. Изгледа како да спие. Потоа ги отвора очите, но тоа не трае долго бидејќи повторно ги затвора.

241

Претседателот на САД во заминување, Џо Бајден, се чини дека накратко заспал за време на состанок со африканските лидери. Американскиот претседател беше во Ангола, а на средбата со претседателот на Ангола и со неговите колеги од Замбија и од Демократска Република Конго изгледаше многу уморно.

На социјалните мрежи стана вирално видеото на кое се гледа како американскиот претседател накратко заспива за време на состанокот.






Откако сцената излезе во јавноста, Бајден стана топ тема на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како за време на говорот на потпретседателот на Танзанија, Филип Мпанго, Бајден ги затвора очите и ја става раката на лицето. Изгледа како да спие. Потоа ги отвора очите, но тоа не трае долго бидејќи повторно ги затвора.

„Ова е апсолутна срамота“, „Ова беше по или пред говорот кој едвај го разбравме? Време е Бајден некаде да се скрие“, „Покажа дека средбата ништо не му значи“, „Ова е толку безобразно“, се само неколку од коментарите на социјалната мрежа Икс.

Ова не е првпат Бајден да ја збунува јавноста со своите постапки.

Тој неодамна се нарече сопруг на Џо Бајден, што воодушеви дел од јавноста, додека некои сметаа дека дефинитивно е време тој да се пензионира.

За време на Ноќта на вештерките, фотографиите на кои гризе деца го обиколија светот, а многумина уште тогаш мислеа дека неговото однесување е прилично чудно.

Поврзани содржини