БАЈДЕН И ТРАМП ГО ПОДГОТВУВААТ ТЕРЕНОТ ЗА НОВА ПРЕСМЕТКА Претседателот е мотивиран за борба со неговиот претходник
Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се кандидирам, порача Бајден.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека доколку Трамп се кандидира на претседателските избори во 2024 година, ќе биде уште порешителен тој да се кандидира за втор мандат. Бајден (79) синоќа имаше интервју емитувано на телевизијата Еј-Би-Си. Запрашан дали има намера да се кандидира американскиот претседател одговори потврдно.
– Но, погледнете, јас прилично ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се мешаше во животот. Ако имам добро здравје како што сум сега повторно ќе се кандидирам – изјави Бајден.
Водителот го праша дали тоа значи дека ќе има реванш против Трамп.
– Секако. Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се кандидирам – додаде претседателот.
Бајден стана најстариот претседател во историјата на САД, кога ја презеде функцијата на 20 јануари.