БАЈДЕН И ТРАМП ЌЕ СИ ПОДАДАТ РАКА ВО БЕЛАТА КУЌА Средбата ќе се оствари в среда

Ваква постизборна средба се одржува традиционално, меѓу претседателот во заминување и претстојниот, по речиси сите избори.

176

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ќе се сретнат в среда во Белата куќа, соопшти денеска канцеларијата на американскиот претседател во заминување.

Ваква постизборна средба се одржува традиционално, меѓу претседателот во заминување и претстојниот, по речиси сите избори.






Сепак, Трамп не беше домаќин на Бајден кога ги загуби изборите во 2020 година, тврдејќи дека изборите биле украдени, пренесе Бета.

Поврзани содржини