Бајден и Путин може да се сретнат во јуни

Американски и руски официјални претставници работат на организирање средба меѓу Бајден и Путин во трета земја за време на првото прекуокеанско патување на американскиот претседател откако ја презеде функцијата.

243

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека би сакал да оствари средба со рускиот колега Владимир Путин во јуни за време на своето патување во Европа.

– Тоа е моја надеж и очекување. Работиме на тоа – истакна Бајден пред новинарите по говорот за американската борба против коронавирусот.






Тој планира да присуствува на самитот на Г7 во Корнвол во Англија, кој ќе се одржи од 11 до 13 јуни, а потоа заминува во Брисел на средба со лидерите на ЕУ и ќе учествува на самитот на НАТО на 14 јуни.

Американски и руски официјални претставници работат на организирање средба меѓу Бајден и Путин во трета земја за време на првото прекуокеанско патување на американскиот претседател откако ја презеде функцијата.

Поврзани содржини