БАЈДЕН И ЏИНПИНГ ИМАА ОНЛАЈН СРЕДБА Разменија остри зборови за статусот на Тајван

На средбата лидерите размениле мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес. Тие разговараа и за стратешки и фундаментални теми, јавија американските медиуми.

190

Онлајн средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг заврши. По првиот дел, кој траеше речиси 2 часа, двајцата лидери ги продолжија разговорите. Вториот дел од средбата траеше околу 1.20 час. Генерално, состанокот заврши половина час подоцна од планираното.

Во разговорите двајцата лидери беа придружувани од високи претставници. Бајден беше заедно со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан, секретарот за финансии Џенет Јелен, индо-пацифичкиот координатор во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Курт Кембел и директорот за Кина во Советот за национална безбедност, Лаура Розенбергер.






Си Џинпинг беше придружуван од шефот на канцеларијата на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија Денг Ксујанг, вицепремиерот Лиу Ха, високиот функционер за надворешна политика во Централниот комитет на Комунистичката партија, Јанг Јиечи, министерот за надворешни работи Ванг Ји и заменик министерот за надворешни работи Се Фун.

На средбата лидерите размениле мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес. Тие разговараа и за стратешки и фундаментални теми, јавија американските медиуми.

Состанокот преку видео конференција меѓу двајцата лидери се одржа во момент на зголемени тензии меѓу двете земји. Бајден го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права поврзани со Ујгурите, задушување на демократските протести во Хонг Конг, воена агресија врз Тајван и други прашања. Пекинг го критикуваше Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Кина.

Бајден ја изрази пред кинескиот колега Си Џинпинг неговата загриженост за состојбата со човековите права во Кина и го предупреди Пекинг да не прави „едностран обид“ за промена на статусот на Тајван, соопшти Белата куќа.

Соопштението е објавено по видео-конференциската средба на лидерите на двете најголеми светски сили, која траеше повеќе од три часа.

Белата куќа соопшти дека Бајден ја изразил својата „загриженост за практиките (на Пекинг) во Синџијанг, Тибет и Хонгконг и човековите права воопшто“.

– САД остануваат верни на принципот „една Кина“, но „силно се спротивставуваат“ на секој едностран (обид) да се промени статусот или да се поткопа мирот и стабилноста во Тајванскиот проток – истакнал Бајден.

Кинескиот претседател, од своја страна, го предупредил својот американски колега „да не си игра со оган“, работејќи за независноста на Тајван, наведува кинеското Министерство за надворешни работи.

– Тајванските власти постојано се обидуваа да добијат независност (со помош на САД), а некои во САД се обидуваат да го искористат Тајван за да ја контролираат Кина – констатирал Си Џинпинг.

Тој нагласи дека „тоа е многу опасна тенденција“ и го предупреди Бајден „да не си игра со оган“.

Според него, „Земјата е доволно голема за развој и на Кина и на САД“, додавајќи дека двете светски сили не треба да играат игри со нулта резултат.

Си и Бајден се осврнаа на „стратешки, фундаментални прашања“, а нивните разговори се опишани како „искрени, конструктивни, суштински и плодни“, објавија кинеските медиуми.

Досега двајцата лидери имале неколку телефонски разговори, од кои последниот во септември.

Поврзани содржини