БАЈДЕН ГО ПРЕДУПРЕДИЛ НЕТАНЈАХУ ЗА РАФА Израелскиот премиер не го послушал советот

Најмалку 67 Палестинци загинаа во израелските воздушни и поморски напади врз Рафа, според Министерството за здравство во Газа. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху не го послуша советот на американскиот претседател Џо Бајден кој во недела му рекол дека Израел не треба да продолжи со воена операција во густо населениот град Рафа без „веродостоен“ план за заштита на цивилите.

274

Американскиот Џо Бајден го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со нападот врз населениот град Рафа на југот, пишува ТајмсОфИзраел. Во 45-минутен разговор во неделата Бајден му рекол на Нетајаху дека не треба да продолжи со воена операција во Рафа без „веродостоен“ план за заштита на цивилите.

Во нападот врз Рафа загинаа најмалку 67 Палестинци загинаа, според Министерството за здравство во Газа. Нападите беа и поморски и воздушни. Исто така, израелски снајперисти убија 7 лица во болницата Насер во јужниот град Кан Јунис, според изјавата на портпаролот на Министерството за здравство на Газа.






Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта спасила двајца заробеници од куќа во населбата Шабура во Рафа.

Разговорот меѓу Бајден и Нетанјаху е прв разговор меѓу двајцата лидери откако Бајден во четвртокот рече дека одговорот на Израел во Газа е претеран. Тоа се случи кога египетските власти рекоа дека Египет ќе го прекине својот мировен договор со Израел доколку испрати војници во Рафа. Каиро стравува дека борбите би можеле да го затворат главниот пат за снабдување со помош на територијата што ја контролира Хамас.

Нетанјаху, во интервју за Ен-Би-Си емитувано во неделата, инсистираше на тоа дека операцијата во Рафа ќе продолжи, но дека ќе обезбеди безбеден премин за цивилното население.

Во израелските напади врз Газа од почетокот на конфликтот досега загинаа најмалку 28.340 Палестинци, а ранети се 67.984 лица.

ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА РАФА ЌЕ ГО ЗАПАЛИ ЦЕЛИОТ БЛИСКИ ИСТОК! Египет се повлекува од мировниот договор со Израел

 

Поврзани содржини