БАЈДЕН ГО ПРЕДЛОЖИЛ БОМБАРДИРАЊЕТО НА БЕЛГРАД? Видео од 1998-ма прикажува како тој тоа го заговара во Сенатот

Југославија не претставуваше директна или индиректна закана за Соединетите држави или нејзините граѓани. Едноставно им требаше (да ја бомбардираат), заклучува Захарова во својот фејсбук-пост.

3,568

Акутелниот американски претседател Џо Бајден во 1998 година, предложил бомбардирање на Белград и СР Југославија, сугерира ново видео кое се споделува по социјалните мрежи, а го коментираше и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пишува Б92. Во тоа време Бајден работел во Сенатот како претставник на државата Деловер.

 






– Предложив бомбардирање на Белград. Предложив американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина – вели Бајден на снимката.

За Захарова на Американците едноставно „им требало“ да ја бомбардираат Југославија.

„Југославија не претставуваше директна или индиректна закана за Соединетите држави или нејзините граѓани. Едноставно им требаше (да ја бомбардираат)“, заклучува Захарова во својот фејсбук-пост.

Корисникот Пепе Ескобар на Твитер инаку познат колумнист, го објави истото видео, потенцирајќи:

„И потоа следеа Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Јемен…“, напишал тој во објавата.

 

Поврзани содржини