БАЈДЕН ГО ПОВИКА КОНГРЕСОТ ИТНО ДА ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА Последниот руски напад го вклучи алармот
Белата куќа оваа недела одобри уште 250 милиони долари американска воена помош за Украина, но ова е последната транша што може да се даде без ново одобрение од Конгресот.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека последниот, масовен напад на Русија врз Украина е „остар потсетник за светот дека, по две години од оваа разорна војна, целта на Путин останува непроменета“, пренесува Би-Би-Си.
Во изјавата, Бајден го повика американскиот Конгрес да побрза и „да дејствува без дополнително одлагање“ по масовните бомбардирања во Украина.
-Доколку Конгресот не дејствува итно во новата година, повеќе нема да можеме да испраќаме оружје и витални противвоздушни системи што ѝ се потребни на Украина за да го одбрани својот народ. Не можеме да ја изневериме Украина. Историјата строго ќе им суди на оние кои нема да одговорат на повикот за слобода – рече американскиот претседател.
Белата куќа оваа недела одобри уште 250 милиони долари американска воена помош за Украина, но ова е последната транша што може да се даде без ново одобрение од Конгресот, пишува Би-би-си.
Избраните претставници на Републиканската и Демократската партија на САД сè уште преговараат за потврдување на пакетот помош во износ од 61 милијарда долари, на кој инсистираа Бајден и неговиот украински колега Влoдимир Зеленски, потсетува АФП.
Но, речиси две години од почетокот на исцрпувачката војна – и откако Конгресот веќе испрати повеќе од 110 милијарди долари – особено Американците, особено републиканците, почнуваат да реагираат дека сметката е превисока.
Својата понатамошна поддршка за испраќање помош за Украина тие сега ја условуваат со драстично заострување на американската миграциска политика.
Преговорите сè уште траат, но како што пишува Би-Би-Си, тие се во застој.
Утрово Москва изврши голема серија ракетни и беспилотни напади врз неколку поголеми градови во Украина, вклучително и главниот град Киев, при што загинаа 30 лица, а 132 беа повредени, соопштија властите во земјата.