БАЈДЕН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ Вашингтон ќе почне да испраќа нова воена помош за Киев за неколку часа

Американскиот претседател Џо Бајден, по потпишувањето на Законот за новиот пакет воена помош од 95 милијарди долари, истакна дека ќе се погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа.

156

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша новиот пакет воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и другите сојузници на САД, нагласувајќи дека Вашингтон ќе започне да испраќа нова помош за Киев за неколку часа.

– Штотуку го потпишав пакетот за национална безбедност што беше усвоен од Претставничкиот дом овој викенд, а вчера од Сенатот –  објави Бајден.
Тој додаде дека ќе се „погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа”, јавија американските медиуми.






– Ова е голем ден за светскиот мир. Овој закон ќе ги направи Америка и светот побезбедни – рече американскиот претседателот по потпишувањето на законот.

Бајден изрази увереност и во победата на Украина во војната со Русија.

– Украина е способна да победи – додаде Бајден.

 

Поврзани содржини