БАЈДЕН ГО „ИЗМАРШИРАЛ“ ЗЕЛЕНСКИ ВО ВРСКА СО ПОЛСКА „Зборувајте повнимателно за инцидентот“
Откако Бајден одбил да зборува со Зеленски во врска со неговото барање Украина да се вклучи во истрагата за ракетите во Полска, Зеленски се обрати во јавноста велејќи дека тие се руски. Брзо по изјавата на Зеленски во неговиот кабинет се јавил Џејк Саливан да го предупреди да биде повнимателен кога го коментира инидентот на украинско-полската граница.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал да организира телефонски разговор со Џозеф Бајден, но разговорот не се одржал, јавува Си-Ен-Ен. Тој побарал разговор веднаш по ракетниот инцидент на територијата на Полска.
„Околу еден час откако стана познат инцидентот, Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање изјави дека „руски проектили паднале врз Полска“, се вели во прилогот.
Саливан брзо се јавил во канцеларијата на Зеленски по тие изјави и апелирал до официјалните лица да зборуваат повнимателно за инцидентот“, пренесува американската телевизија.