БАЈДЕН ГИ ПОЗДРАВИ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Чекорите на Македонија и на Албанија треба да ги инспирираат другите кандидати

Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ ​​во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии, додава Бајден.

115

Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се вели во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи стремежот за Европа да е слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија – изјави Бајден.






Американскиот претседател е на ставот дека САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер сѐдодека овие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.

– Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ ​​во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии – додава Бајден.

Поврзани содржини