БАЈДЕН ЌЕ ПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА Не прецизира кога ќе биде тоа

Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата

409

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека наскоро ќе испрати мал број свои војници во Источна Европа поради тензиите со Москва околу Украина.

– Наскоро ќе испратам американски војници во источна Европа и земјите на НАТО. Не многу -, истакна американскиот претседател пред новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од патувањето во Пенсилванија.






САД веќе имаат 8.500 војници кои се ставени во подготвеност за зајакнување на НАТО силите.

Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата

Испраќањето војници во источните земји претставува дополнително средство за притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД веруваат дека може да ја нападне Украина следниот месец.

Водечкиот американски генерал Марк Мили изјави дека евентуалната руска инвазија на Украина би била страшна и дека ќе доведе до голем број жртви.

Мили ја опиша, како што рече, акумулацијата на 100.000 руски војници во близина на украинската граница како најголема од Студената војна, објави Би-Би-Си.

Сепак, министерот за одбрана на САД, Лојд Остин вели дека конфликтот може да се избегне со помош на дипломатија.

На вчерашната прес-конференција во Пентагон, Мили истакна дека големиот број руски војници на границата со Украина значи дека нападот би имал сериозни последици.

Поврзани содржини