Бајден двојно ја зголеми нарачката на САД за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

523

САД планираат двојно да ја зголемат порачката на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“, која се дава во една доза, со набавка на дополнителни 100 милиони дози, изјави денеска официјален претставник на Белата куќа.

Американскиот претседател Џо Бајден тоа ќе го соопшти на состанокот со директорите на компаниите „Џонсон и Џонсон“ и „Мерк“ подоцна во текот на денот, изјави неименуван официјален претставник.






„Мерк“ се согласи да соработува со „Џонсон и Џонсон“ во производството на вакцини.

Производството на вакцини кај „Џонсон и Џонсон“ е побавно отколку што се очекуваше, а таа компанија нема да може да испорача ниту една доза од вакцините оваа недела.

Се очекува да продолжи со доставување вакцини подоцна во март.

Поврзани содржини