„ДА ЈА ЗАВРШИМЕ РАБОТАТА“ Бајден пак ќе се кандидира за претседател

Џо Бајден мораше да евакуира четири амбасади за помалку од 3 години, неодамна обвини републиканката Мери Милер.

193

Со триминутно видео кое започнува со зборот „слобода“ американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе се кандидира за претседател на изборите следната 2024 година. Слоганот на кампањата ќе биде „Да ја завршиме работата“.

– Прашањето со кое се соочуваме е дали во годините што следат ќе имаме повеќе слобода или помалку слобода. Повеќе права или помалку – рече Бајден.

 






Во неделата, во пресрет на овие настани, претставничката Мери Милер, републиканка од Илиноис, го критикуваше претседателот дека евакуирал четири амбасади на САД во странство откако ја презел функцијата.

Тука се мисли на американската амбасада во Авганистан, Украина, Белорусија и неодамнешното повлекување на американски дипломати по хаосот кој настана во Судан.

„Џо Бајден мораше да евакуира четири амбасади за помалку од 3 години. Медиумите велат дека Бајден и Блинкен биле „експерти“ и „возрасните се повторно на чело“. Светот е во пламен од нивната катастрофа во Авганистан. Молете се за нашата земја и 16.000 Американци кои Бајден ги остави во Судан“, напиша таа на Твитер.

 

Поврзани содржини