Бајден ја прифати претседателската номинација: Ќе ја обединам Америка

214

На последниот ден од четиридневната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на демократите, пренесува Си-Ен-Ен.

Во говорот во Делавер, Бајден кажа дека „обединети можеме и ќе го надминеме овој мрачен период во Америка“.






– Актуелниот претседател одамна ги втурна САД во темнина – кажа претседателскиот кандидат во своето воведно обраќање, осврнувајќи се на политиките на Доналд Трамп.

Според него, во политиките на Трамп имало премногу гнев, премногу страв, премногу поделба.

– Еве и сега тука ви го давам мојот збор- ако ми го доверите лидерството ќе Ве водам во најдоброто од нас, а не до најлошото. Јас ќе бидам сојузник на светлината, а не на темнината. Време е да се обединиме – додаде тој, истакнувајќи дека ако Трамп биде реизбран, „тоа ќе биде истото тоа што го доживеавме во изминатите четири години“, и притоа ги запраша Американците дали го сакаат тоа за своите деца.

Според Бајден, Трамп не презема никаква одговорност и го запали пламенот на омразата и поделбата.

– Дали ова се САД што ги сакате вие, за вашето семејство, за вашите деца? – праша Бајден. Ги гледам поинаку: дарежлив и силен, несебичен и смирен. Заедно можеме да ја обновиме Америка, додаде тој.

Бајден подоцна, во еден дел од својот говор за прифаќање на кандидатурата, му се заблагодари на поранешниот претседател Барак Обама.

– Вие бевте одличен претседател – кажа претседателскиот кандидатот.

Бајден, кој помина два термина со Обама, рече дека децата можат да му се восхитуваат, додавајќи дека не можеле да го сторат тоа со Трамп.

– Претседател на кој нашите деца можеа и му се восхитуваа. Никој нема да го каже тоа за сегашниот окупатор на Белата куќа – рече тој.

На говорот на Бајден му претходеше видео со кое се разгледуваше животот и кариерата на поранешниот потпретседател, истакнувајќи ја неговата улога како татко, сопруг и политички лидер.

Поврзани содржини