БАЈДЕН ЈА МЕНУВА ИГРАТА СО РУСКАТА НАФТА Наместо ембарго, да ѝ ставиме капак на цената
Според Њујорк тајмс, ова е нов и непроверен обид да се принуди Русија да ја продава својата нафта на светот со огромни попусти. Прашњето е дали Бајден ќе ги убеди своите сојузници на ваков чекор?
Американскиот претседател Џо Бајден се премислува за ембаргото за нафта кое Европа ѝ го воведе на Русија, а кое тој самиот го поддржа. Ако европските земји се доследни и целосно го прекинат увозот на нафта до декември, тоа би било катастрофално за САД, анализира Њујорк Тајмс. Цената на нафтата до крајот на годината би скокнала до 200 долари за барел, а секоја Американец ќе плаќа по седум долари.
Затоа, Бајден сега сака да ги убеди повеќето лидери на западните земји да направат нешто друго. Да се договорат за фиксна и ниска цена со која нафтата би можела да се продава, а притоа непречено да се извезува и увезува. Потегот би можел да има големи глобални последици.
Според Њујорк тајмс, ова е нов и непроверен обид да се принуди Русија да ја продава својата нафта на светот со огромни попусти. Претставниците на американската администрација и Бајден велат дека целта е двојна: да се ослабне воената машина на Москва и да се намали притисокот врз потрошувачите на енергија ширум светот кои се соочуваат со зголемените цени на горивото.
Прашањето е, дали Бајден ќе ги убеди своите сојузници на ваков чекор?