БАЈ БАЈ КЕМАЛ, ЗАЕДНО СМЕ ДО ГРОБ Ердоган побрза да прогласи победа, гласовите уште се бројат

едно сме до гроб. Пред изборите реков дека оваа љубов не завршува тука. Бај, бај Кемал, рече Ердоган.

1,234

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

– Да даде Господ, ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во изминатите 21 година. Заедно сме до гроб. Пред изборите реков дека оваа љубов не завршува тука. Бај, бај Кемал – рече Ердоган пред граѓаните собрани во Истанбул.






– Добивме одговорност да владееме во следните пет години – додаде тој и им се заблагодари на оние што гласале.

Според него оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

 

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.

Емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани му честиташе на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за победата, иако пребројувањето на гласовите продолжува по затворањето на избирачките места, а официјалните резултати се уште не се објавени, јави ДПА.

„Драг мој брат Реџеп Тајип Ердоган, честитки за победата“, напиша емирот во својата објава на Твитер.

И претседателот на Србија Александар Вучиќ му ја честитал изборната победа на Ердоган и му посакал успех во извршувањето на одговорните должности, јавува Анадолија. Агенцијата известува и дека честитки пристигнале и од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Албанскиот премиер Еди Рама му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Честитки за победата господине претседателе“, напиша Рама на Фејсбук.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Република Турција Ахмет Јенер соопшти дека по денешниот втор круг од претседателските избори во таа земја се преброени 75,42 отсто од гласовите и дека актуелниот претседател и кандидат на Народен сојуз, Реџеп Тајип Ердоган, е во водство.

Јенер изјави дека Ердоган во моментов води со 53,41 отсто освоени гласови, пред неговиот ривал и кандидат на опозициската Национален сојуз, Кемал Киличдароглу, кој освои 46,59 отсто од гласовите.

Поврзани содржини