БАЈАГА ГИ ПОДДРЖА СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ „Ги откажуваме сите концерти до понатаму…“
Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во понеделникот започнаа 24-часовна блокада на Автокоманда - една од најважните улици во Белград.
Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во понеделникот започнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – една од најважните улици во Белград. Блокадата завршува во вторник во 10 часот.
Многу познати личности од целиот регион ги поддржуваат студентите во нивните цели, меѓу кои и српскиот музичар Момчило Бајагиќ-Бајага. Тој јасно ја изрази својата поддршка на Фејсбук, а потоа ги откажа сите закажани концерти.
– Секако дека ги поддржувам студентите и сите нивни оправдани барања. Се надевам дека овие барања ќе бидат исполнети што е можно поскоро, што би било добро за сите нас. Нашиот бенд „Бајага и инструктори“ одлучи да ги откаже сите концертни активности до понатаму – се вели во објавата на Фејсбук.
Да потсетиме, блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк што се одржа во петокот во Србија. Студенти и други граѓани учествуваа во протестните прошетки. На штрајкот се приклучија и медиумите, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста и порача дека ќе бидат исполнети сите барања на студентите, а најави и реорганизација на владата. Студентите на блокадите го игнорираа неговиот говор.