БЈЕЛОГРЛИЌ ЗБОРУВА ЗА „ТОМА“ ВО БЕКСТЕЈЏ „Преку него ја раскажав приказната за едно време кое до неодамна постоеше“ (ВИДЕО)
„Почнав да се занимавам со неговиот живот и сфатив дека преку Тома Здравковиќ можам да ја раскажам приказната за едно време и едни луѓе кои до вчера беа тука покрај нас, како една земја која до неодамна беше тука, време кое јас го паметам, а кое никогаш нема да се повтори“, вели Бјелогрлиќ.
Првпат пред камера застанал на 14 години, на неполни 18 останал без татко, а грижата за него ја презеле неговата мајка и постариот брат и „тие двајца го сочувале од сè лошо што можело да му се случи“. Драган Бјелогрлќ го помниме по улогата на Боба во „Бољи живот“, која беше последен уметнички производ на некогашна Југославија, а неодамна изненади со својот филм за Тома Здравковиќ.
Тој во емисијата „Бекстејџ“ зборуваше за најновото остварување. Погледнете:
Актерот и режисер зборуваше за предизвиците на „Тома“ на платното, филм кој одекна и во Македонија. Идејата за филмот ја имал Жељко Јоксимовиќ кој случајно на Драган му спомнал е дека убаво е да се екранизира личноста на Здравковиќ и неговите песни кои зборувале за неговиот животен пат.
– Почнав да се занимавам со неговиот живот и сфатив дека преку Тома Здравковиќ можам да ја раскажам приказната за едно време и едни луѓе кои до вчера беа тука покрај нас, како една земја која до неодамна беше тука, време кое јас го паметам, а кое никогаш нема да се повтори – вели Бјелогрлиќ.
Бјелогрлиќ се сложува дека неговиот артистички вкус е сличен со оној на публиката од Балканот и дека затоа се успешни неговите филмови.
– Почнав да правам филмови кога видов како моите колеги режисери не прават филмови какви што јас би сакал да гледам – вели тој.
На прашањето зошто е толку успешна и популарна музиката од неговите филмови, Бјелогрлиќ вели дека соработува со професионалци и ги пофали Жељко Јоксимовиќ и Мањифико како талентирани композитори. Тој нема омилена песна, но ја издвои „Хаљинице боје лила“ како една од првите хитови кои му биле драги, а кои настанале во негов филм.
Бјелогрлиќ зборуваше и за предизвиците кои ги имал како млад, кога решил да основа своја продуцентска куќа и за тоа како се справувал со славата, што значи да се биде славен, а што да се заработи својот леб. Одговарајќи на едно од прашањата, тој рече дека не би сакал да биде запаметен како бренд, што звучи вештачки, туку повеќе, како легенда.
Бјелогрлиќ се прослави со повеќе филмови изминатава деценија. Серијата „Сенки над Балканот“ ја смета за свој најголем креативен ризик, а третата сезона која треба да излезе наскоро, ја обработува токму историјата на Македонија од почетокот на 20 век.
Најголемата популарност ја доживеа со улогата на Боба во телевизиската серија Бољи живот, која воедно претставуваше последен уметнички производ на кој се радуваше некогашна Југославија. Созреа со филмовите Убавите села, убаво горат и Рани, а потоа стана успешен продуцент и режисер. Ја прослави фудбалската легенда за Монтевидео, а серијата Сенки над Балканот ја смета за свој најголем креативен ризик. Годинава го претстави својот најголем успех – филмот Тома
Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин зад сцената,отворено зборуваше за многу теми, што може да видите на линкот подолу