БЈЕЛОГРЛИЌ СПРОВЕДЕН ВО ОБВИНИТЕЛСТВО Му се заканува затвор до пет години (ВИДЕО)

Инцидентот во кој Бјелогрлиќ го нападна Антонијевиќ се случи во понеделникот околу 4 часот наутро во нишкиот хотел „Амбасадор“.

2,583

По сослушувањето, обвинителството ќе одлучи дали ќе побара од судот на актерот Драган Бјелогрлиќ да му се одреди притвор до 30 дена или ќе му биде дозволено да се брани од слобода.

Докажаниот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ кој крвнички го претепа режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, денеска се појави на сослушување во Основното јавно обвинителство во Ниш.






Како што јавуваат тамошните медиуми, ѕвездата од култната серија „Подобар живот“ пред судот се појавил на време, а со еден негов потег навистина ги збунил сите.

На видеото што го објави „Република“ јасно се гледа како Бјелогрлиќ им мафта на присутните пред зградата додека пристигнува со полицискиот автомобил.

Според Кривичниот законик на Србија, за ова дело се пропишани два вида казни. Првиот се однесува за сторено полесно дело и за него е предвидена казна затвор до три години, додека ако судот процени дека дошло до сериозно понижување на оштетениот, кој притоа се здобил и со телесни повреди, максималната казна е од шест месеци до пет години затвор.

Инцидентот во кој Бјелогрлиќ го нападна Антонијевиќ се случи во понеделникот околу 4 часот наутро во нишкиот хотел „Амбасадор“.

Поврзани содржини