Азири ги покани во затвор Јовески и Русковска за да им даде докази за нарачателите на убиството кај Смилковско

1,634

По изречените пресуди за случајот „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи од Судот побара да им одреди мерка притвор за сите четворица осудени од Кривичниот суд. Таква мерка предложи и за Фејзи Азири, со оглед на тоа што тој е во затвор за друго дело и ги користи затворските услови за излез и според Фетаи може да избега.

Обвинетиот Фејзи Азири, пред судот, ги повика јавниот обивнител Љубомир Јовески, и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска да го посетат во затворот во „Шуто Оризари“ да им предложи докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството во овој предмет и за помагачите, со име и презиме и со прецизни докази.






– Доколку во рок од десет дена не ме повика во ЈО или не ме посети да го пријавам случајот, ќе ги дадам доказите на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница, за да се утврди точно кој е нарачател и извршител на убиството – рече Азири.

 

Поврзани содржини