AЖУРИРАЈТЕ СИ ГИ ПОДАТОЦИТЕ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ На шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Потребно е да дадете податок за контакт, доколку има настаната промена или во случај да имате добиено известување со неточни податоци.

277

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град” на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед, апелира Министерството за внатрешни работи, пред почетокот на примената на системот, најавена за почетокот на февруари.

МВР ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.






„Со отворањето на овој шалтер Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потврдува својата заложба, отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните“ – се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини