Азески: Ми беше чест што бев почесен конзул на Црна Гора

Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора и посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит - вели Азески.

339

Претседателот на Стопанска комора на Македониј,  Бранко Азески се заблагодари за функцијата – почесен конзул на Црна Гора.

„Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден.






Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора и посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит – вели Азески.

Поврзани содржини