АЗЕСКИ И ПЕШЕВ ВО КАВАДАРЦИ Најавени средби во „Еуроникел“ и со градоначалникот Јанчев
На средбата со градоначалникот Јанчев, кој беше долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци, ќе се разговара за децентрализацијата како основен предуслов за локалниот економски развој, гасификацијата, патната инфраструктура, урбанизацијата и дуалното образование.
Делегација на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе престојува во работна посета на Кавадарци, каде е планирано да се сретне со градоначалникот Митко Јанчев и со раководствата на „Еуроникел“ и на Регионалната комора во Кавадарци.
– За кавадаречкиот регион, во кој доминира металургијата и земјоделско-прехранбениот сектор е важна пограничната соработка како модел на поттикнување на серија инвестициски процеси и трансфер на знаење – велат од Стопанската комора.
Компанијата „Еуроникел“, која ќе ја посети Азески, е трета на листата на топ 100 извозници во 2020 година со реализиран извоз од 182 милиони евра и остварени приходи од 188 милиони евра, која произведува висококвалитетен никел во форма на фероникел за употреба во индустријата за производство на нерѓосувачки челик и има над 1000 вработени.
На средбата со градоначалникот Јанчев, кој беше долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци, ќе се разговара за децентрализацијата како основен предуслов за локалниот економски развој, гасификацијата, патната инфраструктура, урбанизацијата и дуалното образование.
Покрај Азаски во Кавадарци ќе бидат и извршниот директор Антони Пешев, менаџерот за односи со јавност Даниела Михајловска Василевска и Нена Николовска, експерт во Комората.