АЗЕСКИ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ „ГРАНД ЕКСПОРТ“, „ПЕКАБЕСКО“ И „КАДИНО“ Актуелната криза и проблемите во центарот на разговорите

Како што соопштија од Комората, неспорна е констатацијата дека цената на суровините, високата цена на енергенсите, јавните набавки и ликвидноста се се` повеќе проблем на македонските компании, предизвикани од неизвесноста дома и на странските пазари.

235

Компаниите во прехранбената индустрија ќе бидат цел на разговорите за актуелната ситуација предизвикана од мулти-кризата како потврда на активностите што Стопанската комора  ги
презема изминатата недела на планот на креирањето мерки за соочување со проблемите на реалниот сектор.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, со дел од менаџерскиот тим, денеска ќе ги посетат компаниите „Гранд Експорт“ („Grand Foods Corporation“), „Пекабеско“ и „Кадино Индустри Груп“.






Како што соопштија од Комората, неспорна е констатацијата дека цената на суровините, високата цена на енергенсите, јавните набавки и ликвидноста се се` повеќе проблем на македонските компании, предизвикани од неизвесноста дома и на странските пазари.

Стопанската комора е секогаш со своите членки кога е најтешко, како што беше финансиската криза во 2008 год, здравствената криза во 2020 година и енергетската криза минатата година.

-За да се има реална слика што се случува во бизнисот мора да се има дневна комуникација, директни посети, еснафско организирање и тесна соработка со Владата и сите надлежни институции, како би можеле да поминеме со помали последици – велат од Комората.

Поврзани содржини