Азески: Акредитираните лаборатории на „Макпетрол“ и ОКТА следна станица на нашите посети пред клучната средба во владата

Преспа форумот, македонско-романскиот економски форум и економскиот дел од Берлинскиот процес, ја најавуваат клучната средба со владата наредниот месец.

277

Делегација на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески продолжувајќи ја теренската активност во постковид периодот вчера ја посети акредитираната лабораторија на компанијата „Макпетрол“, а наредната недела ќе ја посети и акредитираната лабораторија во ОКТА АД Скопје.

Акредитираната лабораторија на „Макпетрол“ постои веќе 15 години, во неа се вложени 2,3 милиони евра, првичната акредитација е од Британското акредитивно тело, работи согласно стандардот ISO/IEC 17025, секогаш поседува арбитражен примерок во случај на спор и овозможува целосна тајност, независност и доверливост во постапката.






Вака со една реченица може да се опише она што го видовме вчера а се надеваме дека тоа истото ќе го видиме и во лабораторијата во ОКТА.

Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии, што создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија.

Азески истакна дека, компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија, дигитализација на процесите, со примена на меѓународно признаените стандарди мора да бидат поддржани во постковид периодот  и со тоа да им се одаде признание како се понесоа во една од најтешките кризи низ којашто поминуваме.

– Бизнисот успеа да опстои и она што сега им е потребно на фирмите е силен инпут. Затоа преку директните средби во самите објекти ги гледаме нивните потреби, но и барање во кој правец ќе одиме, а ќе одиме во насока на отворање на инвестициска активност за создавање производи со додадена вредност – констатира Азески.

Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ Андреја Јосифовски ги запозна присутните со капацитетот и моќта на акредитираната лабораторија за анализа на течни горива.

– Лоцирана во најголемиот склад на „Макпетрол“ во општина Илинден, првично акредитирана од Британското акредитивно тело, а подоцна и од страна на домашната служба за акредитација на вакви лаборатории, работи по сите стандарди и е опремена на највисоко ниво, а се правата анализи и на биогоривото – посочи Јосифовски.

Контролите се вршат освен за сопствените производи и за надворешни партнери, а пред сѐ висок рејтинг има за контрола на квалитетот на горивата во земјите од регионот, но и за домашните институции по доставени примероци од пазарната инспекција.

Лабораторијата има воспоставена соработка и со меѓународни лаборатории, и со нафтени компании кои го контролираат квалитетот на своето гориво во лабораторијата на Макпетрол.

Во изминатиот месец претседателот Азески реализираше средби и со менаџерските тимови на „Раде Кончар ТЕП и Сервис“, „Раде Кончар контактори и релеи“, во фабриката „Актива“, Градежниот институт Македонија, Факултетот за информатичка технологија Финки итн.

Поврзани содржини