АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА ЌЕ ВОДАТ МИРОВНИ ПРЕГОВОРИ ВО ОХРИД? Иницијатива на Бујар Османи
Неофицијално, веќе се направени првите чекори за договарање на можни датуми за одржување на средба меѓу претставници на двете земји во Охрид.
Македонскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи откри дека покренал иницијатива по успешниот дијалог меѓу Белград и Приштина во Охрид во март годинава, градот да прерасне во Центар на ОБСЕ за медијација, дијалог и помирување.
Први кандидати за помирување во Охрид би биле Азербејџан и Ерменија кои треба да го надминат деценискиот конфликт.
Неофицијално, веќе се направени првите чекори за договарање на можни датуми за одржување на средбата во Охрид.