Азербејџан гранатираше ерменски позиции во Нагорно-Карабах
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалираше на 27 септември и на спорната територија се водат борби. И Азербејџан и Ерменија воведоа вонредна состојба и прогласија мобилизација.
Азербејџанските вооружени сили синоќа гранатираа ерменски позиции во Нагорно-Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
Според Министерството, силите извршиле „артилериски удари врз позициите на ерменските сили распоредени на окупираните територии“.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалираше на 27 септември и на спорната територија се водат борби. И Азербејџан и Ерменија воведоа вонредна состојба и прогласија мобилизација.
Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно е населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година, откако автономниот регион објави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.
Во периодот 1992-1994 година, тензиите прераснаа во голема воена акција за контрола на енклавата и седум соседни територии откако Азербејџан ја изгуби контролата над нив.
Разговорите за решение за Нагорно-Карабах траат од 1992 година во рамките на Групата од Минкс на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Франција и САД.