Азар повторно се повреди, деветти пат откако дојде во Реал Мадрид

Азар во неделата ги одигра завршните 15 минути на натпреварот против Елче во шпанската Ла Лига, по што поради мускулна повреда, повторно ќе отсуство од теренот. Неговиот клуб не прецизираше колку долго се очекува да трае рехабилитацијата.

438

Белгискиот играч за врска во редовите на Реал Мадрид, Еден Азар, повторно се повреди и ќе го пропушти утрешниот реванш осминафинален натпревар против Аталанта во Лигата на шампиони.

Азар во неделата ги одигра завршните 15 минути на натпреварот против Елче во шпанската Ла Лига, по што поради мускулна повреда, повторно ќе отсуство од теренот. Неговиот клуб не прецизираше колку долго се очекува да трае рехабилитацијата.






– Азар не е подготвен, нема да игра против Аталанта. Навистина не можам да објаснам за што станува збор, но се надевам дека е ситна повреда – изјави попладнево тренерот на Реал, Зинедин Зидан, на конференција за новинари во Мадрид,

– Нешто се случува. Тој никогаш во кариерата не се повредувал толку често. Сакаме да му помогнеме. Се надевам дека наскоро ќе биде со нас. Барам трпение од навивачите, бидејќи сите знаеме каков играч е Еден – додаде Зидан.

Азар дојде на „Сантијаго Бернабеу“ во 2019 година од Челзи за 100 милиони евра, но во екипата на Реал, засега, ги брои само повредите. Најновата повреда е деветта по ред за белгискиот репрезентативец. Азар досега во дресот на Реал одигра само 36 натпревари на кои постигна четири голови.

Поврзани содржини