Авторот на хитот „I Love Rock and Roll“ почина од коронавирус ФОТО

1,089

Пејачот Алан Мерил, кој ја напиша песната „I Love Rock and Roll“, починал вчера во Њујорк на 70-годишна возраст поради компликации од заразата со коронарнавирус, пренесува „Ју-Ес-Еј тудеј“. Тажната вест ја потврдила и неговата ќерка Лаура на социјалните мрежи.

„Ми дадоа две минути да се збогувам со него… Шетав од куќата 50 блокови со надеж во моето срце. Градот што го познавав беше празен. Се чувствував како единствената личност таму и на многу начини и бев“, напишала Лора.






Лаура Мерил вели дека нејзиниот татко бил здрав пред да се зарази со коронавирусот. Пред две недели, таа била на неговиот концерт и се фотографирала за неговиот нов албум. Музиларот подоцна помислил дека има грип, но се покажало дека станува збор за коронавирус.

Алан стана познат по неговата песна „I Love Rock and Roll“ за бендот „The Arrows“. Тие ја снимија во 1975 година, а рок-пејачката Џоан Џет (61) ја прослави песната во 1982 година. Џоан се збогува од пејачот преку Твитер.

File:Joan Jett Performance 2013.jpg - Wikimedia Commons

Поврзани содржини