Авторот на драмата „Френки и Џони“ почина од коронавирус

885

Амерканскиот драмски писатал Теренс Мекнели, автор на драмите „Бакнежот на жената пајак“ и „Френки и Џони“, починал на Флорида на 82-годишна возраст од компликации предизвикани од коронавирусот.

Мекнели, четирикратен добитни на престижната награда „Тони“, имал рак на белите дробови и живеел со хронична опструкција на белите дробови.






Починал од компликации настанати поради заразата со коронавирусот.

Еден од најголемите успеси Мекнели го постигна во 1987 година со остварувањето „Френки и Џони“, во кое играа Кети Бејтс и Ф. Марел Абрахам.

Подоцна Мекнели според тоа остварување го напиша сценариото за познатиот филм со Ал Пачино и Мишел Фајфер во главните улоги и беше номиниран за наградата „Тони“.

Добитник е и на неколку награди „Еми“.

 

FOTO: YOUTUBE/SCREENSHOT/MOVIECLIPS CLASSIC TRAILER

Поврзани содржини