АВТОРОТ НА БЕЛЕШКАТА ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА НАПРАВИЛ ПОД ПРИТИСОК НА ШЕФОВИТЕ Оливер Спасовски, Драган Ковачки, Вилма Русковска биле на списокот за „обработка“

Бизнисменот Камчев беше во притвор врз основа на лажна белешка за која авторот при внатрешната истрага признал дека е лажна и дека ја направил под притисок на неговите шефови.

824

Испливаа имиња на нови жртви на незаконското прислушување од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кое, како што откри самата Агенција, се вршело во периодот од 2019 до 2024 година кога директор бил Виктор Димовски.

За бизнисменот Орце Камчев бил отворен предмет со лажна белешка од вработен од Агенцијата за национална безнедност (АНБ) за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби. За ова Камчев беше и во притвор. Авторот на таа белешка за време на внатрешната истрага признал дека се работи за лажна белешка и дека тоа го направил под притисок на неговите шефови, пишува порталот МКД.мк.






Потврдено е дека биле обработувани политичарите Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Оливер Спасовски, Драган Ковачки, обвинителката Вилма Русковска, уредници и новинари на повеќе медиуми со различна уредувачка политика од политиката на тогашната власт… Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што презеле некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ, пишува порталот.

Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог.

„За најголемиот дел од овие активности на припадниците на оваа група, била обезбедена соодветната процедура за добивање дозвола за примена на посебните мерки (согласност од обвинителство и дозвола од Врховен суд), со образложение дека се работи за луѓе кои наводно се подготвувале да ја урнат актуелната власт и поединци кои наводно биле против интеграцијата на Македонија во ЕУ. Со ваквото образложение лесно се добивала дозволата за примена на тие посебни мерки на комуникациите според Законот за следење на комуникациите. За дел од овие случаи за кои е известено Јавното обвинителство, не била спроведена законски предвидената процедура“, се наведува во написот на МКД.

Примената на тие посебни мерки, според Законот за следење на комуникациите, е и следење и тонско снимање на комуникациите на лица на отворен простор и на јавни места, следење и снимање на внатрешноста на објекти, затворени простории, следење и светлосно снимање на лица на отворен простор и на јавни места…

Порталот пишува дека има сомневање и за класична кражба на пари. Сите активности на безбедносните служби и примената на посебните мерки понекогаш треба да бидат платени во кеш од спец-касата на АНБ. Има сомневање дека оваа група за нешто повеќе од една година зела 50.000 евра, кои потоа биле покриени со наводни награди на поединци.

 

Поврзани содржини