АВТОРКАТА НА „ХАРИ ПОТЕР“ ОЧАЈНА, ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ВО ОПАСНОСТ Ве преколнувам, немојте!

Авторката на „Хари Потер“ изјавила дека луѓето стоеле пред нејзината куќа во Шкотска и се фотографирале, а на фотографиите јасно се гледа нејзината адреса.

1,977

Џеј К. Роулинг проговорила по тврдењата дека тројца активисти ја откриле во јавноста нејзината адреса на живеење.

Авторката на „Хари Потер“ изјавила дека луѓето стоеле пред нејзината куќа во Шкотска и се фотографирале, а на фотографиите јасно се гледа нејзината адреса.






Овие фотографии потоа биле објавени на Твитер со надеж дека ќе откријат каде живее познатата писателка.

Роулинг напишала на Твитер: „Сакам да им се заблагодарам на сите што ја пријавија фотографијата на поддршката за корисници на Твитер“.

„Вашата љубезност и пристојност направија голема разлика за моето семејство и за мене. Исто така, би сакала да ѝ се заблагодарам на шкотската полиција за поддршката и помошта во овој случај“.

Таа ги замолила луѓето веднаш да ги избришат своите твитови на кои е прикажана фотографија од куќата со адресата.

„Ги преколнувам оние кои ја ретвитнаа фотографијата со сѐ уште видливата адреса, дури и ако го направиле тоа за да ги осудат постапките на овие луѓе, да ја избришат.

Таа објаснила дека во изминатите неколку години имало многу жени кои не се јавни личности како неа, но поминале низ истото.

Роулинг тврди дека овие жени биле подложени на „кампањи за заплашување кои се движат од прогонување на социјалните мрежи до директни закани за насилство, вклучително и силување“.

„Ниту една од овие жени не е заштитена на начин на кој што сум јас“, продолжилаа таа.

„Тие и нивните семејства се доведени во состојба на страв и вознемиреност само затоа што одбиваат да го прифатат општествено-политичкиот концепт на родов идентитет“, заклучила Џеј К. Роулинг.

 

 

 

Поврзани содржини